Иницијатива за Економски Развој на Ромите (РЕДИ) објавува повик за вклучување на млади Роми во практикантска програма која ќе се реализира во соработка со компании низ државата.
Целта на програмата е да се поддржи професионалниот развој и вработливоста на младите Роми преку стекнување практично работно искуство, развој на професионални вештини и директно запознавање со работната средина.
Практикантите ќе бидат вклучени во секојдневните активности на компаниите, со можност за практично учење, менторска поддршка и стекнување работно искуство во различни професионални области.
Практикантската работа е платена и финансиски поддржана од РЕДИ, согласно важечките законски прописи и програмските услови.
Практикантската програма ќе трае 3 месеци, со работно време од 4 до 8 часа дневно, во зависност од потребите на компанијата или институцијата каде што ќе биде реализирана практичната работа.
Одговорности и Активности
- Вклучување во секојдневните работни процеси согласно дејноста на компанијата;
- Поддршка на тимот во административни, оперативни и организациски активности;
- Работа со документација, податоци и дигитални алатки;
- Комуникација со клиенти, корисници или членови на тимот, согласно работните задачи;
- Поддршка при реализација на проекти, активности или услуги;
- Учество во тимска работа и развој на професионални и практични вештини;
- Извршување на други задачи поврзани со работниот процес под насока на назначениот ментор.
Кој може да аплицира?
- Млади Роми на возраст од 18 до 29 години;
- Студенти, дипломирани лица или лица со завршено средно образование;
- Невработени лица кои сакаат да стекнат практично работно искуство;
- Лица мотивирани за професионален развој, учење и унапредување на своите вештини;
- Лица подготвени активно да учествуваат во тримесечната практикантска програма.
Квалификации
- Основно познавање на работа со компјутер и Microsoft Office пакетот (Word, Excel, PowerPoint);
- Основно познавање на користење на интернет и електронска комуникација;
- Основно познавање на англиски јазик ќе се смета за предност;
- Добри комуникациски и интерперсонални вештини;
- Способност за работа во тим и соработка со различни засегнати страни;
- Организациски вештини и способност за навремено извршување на работните задачи;
- Подготвеност за учење, професионален развој и стекнување нови знаења;
- Одговорност, посветеност и професионален однос кон работните обврски.
Критериуми за избор
Кандидатите ќе бидат избрани преку конкурентен процес на селекција врз основа на нивната мотивација, квалификации, интереси и потенцијал за професионален развој.
Само кандидатите кои ќе влезат во потесен избор ќе бидат повикани на интервју.
Како да аплицирате?
Апликациите може да се достават на македонски или англиски јазик.
Потребни документи:
- Биографија (CV) – PDF или Word формат;
- Мотивациско писмо – PDF или Word формат
Апликациите се доставуваат на:
За дополнителни информации:
📞 +389 76 260 605
📍 Црвена Вода бр. 37, 1000 Скопје
Рок за аплицирање: 31.12.2026